Ако ги поседувате овие особини, вие сте човек со најреткиот карактер на светот
Се чувствувате како да сте различни од сите луѓе кои ги познавате? Ако е тоа така, не грижете се. Се е во ред со вас.
Мејерс и Бриг ги класифицираат различните типови на карактери, со помош на теоријата на психоаналитичарот Карл Јунг.
Составот се развива во 4 категории: екстроверзија/интроверзија, интуиција/чувство, размислување/чувствување, перцепција/расудување.
Според составот, ИНФЈ карактерот содржи интроверзија, интуиција, сензитивност и расудување.
Подолу можете да откриете дали вие или некого кого го познавате, поседува ИНФЈ.
Личностите со ваков тип на карактер се вистински дијаманти и се многу ретки, доколку пронајдете таква личност во вашиот живот, никако не и дозволувајте да си замине.
1.Сакаат да пишуваат
Личностите со ИНФЈ тип на личност повеќе сакаат да пишуваат отколку да зборуваат. Никогаш не зборуваат премногу, освен ако е тоа неопхдно.
Во пишувањето пронаоѓаат мир, затоа што им овозможува креативност при изразувањето на сопствените мисли.
2.Многу размислуваат
Личностите со ИНФЈ тип на личност се луѓе кои дефинитивно премногу размислуваат. Не можат да дозволат некоја друштвена ситуација да се одигра сама по себе. Мораат да ја испланираат во својата глава милиони пати пред да се почувствуваат сигурно. А никогаш не се чувствуваат сигурно.
3.Имаат менталитет се или ништо
Квалитет пред квантитет. Секогаш. Тие никогаш не прифаќаат нешто помалку од она што мислат дека е заслужуваат.
Веруваат дека ако не сте способни да го дадете најдоброто од себе, тогаш не би требало нити да почнувате да го правите тоа што го сакате.
4.Тешко им е да ги претворат мислите во зборови
За овие личности секогаш претставува проблем да ги претворам сопствените мисли во зборови.
Нивните мисли се често толку сложени и комплицирани што е тешко да се сфати што всушност сакаат да кажат.
5.Тие сакаат да поминуваат време сами
Често можете да ги видите како лутаат во паркот или пијат кафе сами во кафе бар. Меѓутоа, немојте да претпоставувате дека се осамени. Тие одлучиле да се изолираат од светот за да стапат во контакт со својата внатрешност и да ги организираат сопствените мисли.
6.Можат да се вклопат било каде
На крајот на денот, тие се исклучително флексибилни луѓе кои можат да се вклопат во било кое друштво. Нив не им претставува проблем тоа да го претворат во своја предност.
7.Тие се сочувствителни и осетливи
Зборот емпат совршено ги опушува овие личности со ИНФЈ тип на карактер. Неверојатно се грижливи и великодушни луѓе. Тие секогаш ќе се запостават себеси за да им помогнат на оние на кои им е потребна помош. Размислуваат каков би им бил животот „во кожата“ на друѓите луѓе. Тоа е она кое ги прави толку чувствителни. Никогаш не би повредиле некого намерно.
8.Внимателно ги бираат своите пријатели
Личностите со ИНФЈ карактер ја преферираат удобноста на сопствениот дом и ја ценат својата приватност. Повеќе би сакале да бидат сами отколку опкружени со лошо друштво. Доста се селективни кога се работи за луѓето кои ги опкружуваат.
Често сакаат да се дружат само со луѓе со кои делат исти вредности како и оние кои го почитуваат времето кое го поминуваат сами со себе.
9.Тие ја бараат вистината
Личностите со ИНФЈ карактер се фасцинирани од свемирот. Би можеле цела ноќ да гледаат во ѕвездите. Не се заинтересирани за вообичаени нешта како на пример кој победил во последната утакмица.
Тие сакаат да влезат длабоко во вистинската природа на нештата. Тие сакаат да водат тешки и длабоки разговори.
10.Веруваат во сопствената интуиција
Тие многу лесно можат да почувствуваат ако нешто не е во ред. Ова е едно од нивните најважни обележја. Не само што имаат длабока интуиција, туку имаат и свој инстинкт.
Додека повеќе луѓе ги игнорираат сопствените чувства, тие имаат остро претчувство во врска со нештата кои им се случуваат во живтот и никогаш не грешат.
11.Можат да ги читаат луѓето
Оваа вештина доаѓа од нивната длабока емоционална интелигенција. Тие можат да гледаат преку зборовите и делата и можат да го идентификуваат манипулаторот многу брзо.
Се надеваме дека преку ова подобро ги разбирате личностите со ИНФЈ карактер. Тие се вистинска реткост, а кога ќе ги запознаете нема никогаш да ги заборавите.