Категории

Ако нештото морате да го платите со својот мир, знајте дека е прескапо!

Понекогаш најтешките рани не се оние рани кои ни ги задаваат другите, понекогаш тоа се оние кои си ги задаваме самите на себеси.

Тоа се оние рани со кои ги откопуваме своите болни чувства, рани во кои ги превртуваме своите стари разочарувања и задржуваме во мислите се што ни го одзема мирот. Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и кои не ни даваат никаква животна лекција а се повторуваат повторно и повторно. Но за тие рани сме самите криви, криви сме затоа што им се враќаме повторно и повторно и од нив постојано страдаме.

Најтешки се оние рани за кои немаме сила да си простиме на себеси иако знаеме дека другите ни простиле затоа што сметаме дека тоа ќе ни помогне во сликата која ја имаме за себеси. Најтешки се оние рани поради кои во животот не се помрднуваме од местото, а тие настануваат тогаш кога се грижиме за тоа што другите мислат и зборуваат, и ги занемаруваме оние соништа кои ги носиме во себе. Најтешки се оние рани кога не правиме граница помеѓу себе и другите оставајќи отворена црта.

Сето тоа ни се случува само затоа што го жртвуваме својот мир поради некоја лажна надеж и ветувања, го жртвуваме сопствениот мир посакувајќи да ги задоволиме оние кои не би го направиле истото за нас. А потребно е само едно, да се биде свесен колкава е вредноста на својот мир, да не трчаме и ползиме пред другите, да не се компромитираме за нештата кои немаат сила да го задоволат нашето срце, да имаме своја цел и да веруваме во идеалите. Се помалце од тоа значи повторно и повторно да си задаваме рани на себеси.

Прегледи:
427
Објавено на:
07.01.2020