Ако сакате да бидете добри љубовници избегнувајте ја оваа храна

Погледнете што не треба да јадете со својот партнер пред легнување. Нашите навики во исхраната имаат огромно влијание на многу области од животот вклучувајќи ја и сексуалноста. Можеби вашиот сексуален живот ќе биде подобар доколку ги избегнете овие четири намирници.

Брокула

Брокулите се здрави и содржат многу малку калории, но изберете некоја друга намирница за романтична вечера. Брокулите предизвикуваат надуеност, што може да биде многу непријатно во интимна ситуација. Наместо тоа, изберете некоја салата која ќе ве освежи.

 

Црвено месо

Можеби вашиот партнер сака добро зачинето месо? Но, подобро е да не го подготвувате за вечера. Вечерата која се состои од месо, а особено црвено, ќе направи да се чувствувате споро и поспано, а вашиот организам ќе се фокусира на варењето храна.

 

Слатки

Иако се чини дека слатките на брз начин го снабдуваат организмот со енергија по напорниот ден, тоа е лажно чувство. Овие производи го намалуваат нивото а тестостерон и предизвикуваат умор. Нивната консумација може само да го задоволи вашиот глад одредено време.

Пијалаци

Газираните безалкохолни пијалаци предизвикуваат надуеност и содржат моносахариди и јаглероден диоксид. Пред сексуалниот однос треба да избегнувате алкохол бидејќи негативно влијае на нивото на тестостерон кај вашиот партнер. Најдобро е да изберете свежи овошни сокови кои ќе ви овозможат да ја одржите виталноста и енергијата.

 




Коментари

коментари