Категории

Ако само ме сака, тогаш тоа не е доволно

Ако нема сјај во очите додека ме гледа, тогаш тоа не е тоа

Не е тоа тоа ако од мене очекува нерелно.
Ако не ни зборува за своите очекувања, дали биле остварливи или не, исто така не е доволно.
Тоа не може да биде нити ако не е во состојба да процени што е воопшто реално во одредена ситуација.
Ако нема сјај во очите додека ме гледа, тогаш тоа не е тоа.
Ако не ми ги грее студените дланки и се трга од мене затоа што сум ладна, тоа не може да биде тоа. Никако.
Кога за него важат поинакви правила отколку за мене, тоа е јасен знак, не е доволно.
Ако ми го коментира изгледот, ми кажува дека ме сака кога носам сукњи/панталони, или кога не сака кога носам нешто друго, тоа не е доволно.
Оној момент кога ќе почне да зборува лошо за моите пријателки, од било која причина, тоа е јасен знак, не е тоа тоа.
Ако не ме прегрнува секојден, ако е љубоморен, проблемот е во него, а не во мене, и тука нема среќа.
Кога ќе почнам да се чувствувам подобро кога не е во моја близина, тогаш веќе лабичката се пали, не е тоа тоа.
Ако не е во состојба потполно да ужива во мојата среќа и да и се радува, ако тој ја нема дефиницијата за мојата среќа, тогаш не е доволно.
Ако ми дозволува за се да одлучувам сама, не е доволно, го можам тоа и без него.
Ако не ги почитува моите одлуки во врска со моето тело и мојата сексуалност, фала на вниманието и пријатно.
Ако забележам манипулација и уцени, тогаш збогум.
Кога не го влечи најдоброто од мене, кога не ме гледа во онакво светло во какво сакам да се гледам себеси, кога не ме поддржува, кога не сонува заедно со мене, ако само ме сака и само тоа, тогаш не е доволно!

Прегледи:
443
Објавено на:
25.12.2019