Членовите на алпинистичкиот клуб АК8 очекувале уште еден регуларен тренинг и обука под врвот на Антени на Попова Шапка, но следело големо изненадување за нив.
Во саботата искачувањето на членови на клубот било следено од едно куче сѐ до почетокот на карпата над снегот. На истото место тренингот требаше да го продолжат уште тројца членови, Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Благоја Китановски.
Но, нивниот тренинг се претворил во спасувачка мисија за кучето, кое не можело да се врати и останало заглавено на карпата 24 часа. Алпинистите успеаја да го спасат кучето кое беше премрзнато и исплашено.