Категории

Анџелина и Бред со официјални изјави за разводот

Вчера таблоидот “TMZ” прв ја објави веста за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит, пишувајќи дека актерката поднела документи за развод поради “начинот на кој Бред ги воспитува нивните шест деца”.

Подоцна, адвокатот на Џоли, Роберт Офер, излезе со официјална изјава за разводот, велејќи дека “нејзината одлука била донесена за доброто на семејството” и ги замоли новинарите да му ја дадат потребната приватност во овие тешки моменти на славното семејство.

“TMZ” исто така пишуваше дека нивните “извори” тврдат дека Анџелина веќе не можела да го поднесе тоа што Бред во последно време консумирал премногу алкхол и марихуана, како и тоа дека имал “проблеми со контролирање на гневот”.

За разлика од тврдењата на “TMZ” дека зад разводот не се крие трета личност, порталот “Page Six” вели дека Анџелина решила да поднесе документи за развод откако ангажирала приватен детектив кој открил дека Бред ја изневерувал.

q2

Наводно, детективот открил дека Бред ја изневерувал Анџелина со актерката Мерион Котилард, со која глуми заедно во филмот “Allied”.

Бред Пит исто така излезе со официјална изјава за магазинот “People”.

q3

“Навистина сум тажен поради ова, но она што е најважно сега е добробитието на нашите деца. Искрено ги замолувам новинарите да ни го дадат потребниот простор во ова турбулентно време”, кратко изјави актерот.

Инаку, Бред и Анџелина беа во брак околу две години, а заедно се повеќе од десет години. Тие се запознаа на снимањето на филмот “Mr. & Mrs. Smith”, по што Бред Пит се разведе од својата тогашна сопруга Џенифер Анистон. Парот заедно има шест деца.

q4

Прегледи:
364
Објавено на:
21.09.2016