Македонскиот пливач, 24-годишниот Андреј Стојаноски го освои петтото место на 200 метри мешано на Светското првенство за глувонеми кое се одржува во Сао Паоло, Бразил.
Тој успеа да оствари време од 2 минути, 16 секунди и 16 стотинки, при што за 11 секунди беше побавен од новиот светски шампион Рјутаро Ибара од Јапонија.
Андреј и досега има постигнато значајни резултати во финалето на 200 метри слободно (осмо место), 400 метри слободно (седмо), 800 метри слободно (десетто) и на 400 метри мешано (седмо).