Категории

Арнолд Шварценегер опериран од срце – „Се чувствувам фантастично“

„Имам нов аортен залисток со мојот нов залисток на плуќата од минатата операција“ – напиша актерот на новата фотографија од болничкиот кревет во клиника во Кливленд заблагодарувајќи се на медицинскиот персонал.

Ѕвездата од акциските филмови, Арнолд Шварценегер (73) изјави дека се оперираше од срце но сега се чувствува фантастично.

„Се чувствувам одлично, веќе шетам по улиците на Кливленд“ – објави на социјалните мрежи.

Шварценегер објави фотографија од болничкиот кревет во клиниката во Кливленд и се заблагодари на медицинскиот персонал. Актерот кој е роден со срцева мана бил одведен на итна операција на отворено срце во 2018.

Арнолд се прослави во 80-тите години со улогите во акциските филмови како што се „Терминатор“ и  „Конан Барбаринот“ како и бројни комедии.
Во 2003 беше избран за гувернер на Калифорнија. По завршувањето на мандатот во 2011 се врати на снимањето на филмови.

 

Прегледи:
777
Објавено на:
27.10.2020