Категории

Астрофобија: Од што се плашат хороскопските знаци?

Секој човек во текот на животот развива дури и до десет различни фобии. Секој астролошки знак има свои склоности кон некоја од безбројните фобии. 

ОВЕН – Страв од губење контрола

Овните се сметаат за храбри и горди луѓе, кои не се плашат речиси од ништо. Лесно се носат со сите предизвици или тешки и напнати ситуации, но сепак не се имуни на стравот. Се плашат од болести и немоќ бидејќи не можат да замислат да зависат од некого.

БИК – Страв од сиромаштија

Биковите се луѓе кои ги ценат материјалните вредности, на кои го посветуваат целиот живот. Работат вредно и секогаш создаваат нешто бидејќи тоа им дава чувство на сигурност. Поради тоа, не е ни чудно што нивниот најголем страв е губење на имот или потенцијална сиромаштија.

БЛИЗНАЦИ – Клаустрофобија

Немирните и кокетни Близнаци се отворени и друштвени луѓе кои сакаат патување, движење и динамика. Можеби поради таа потреба од слобода често патат од клаустрофобија, односно страв од затворен простор.

РАК – Патат од агорафобија

Емотивните Ракови честопати имаат повеќе од една фобија, поради изразената пречувствителност. Најсигурно се чувствуваат во домот и кога се опкружени со сакани личности. Агорафобија – страв од отворен простор со многу луѓе во нив буди несигурност, а кај некои може да предизвика и панични напади.

ЛАВ – Страв од неуспех

Гордите Лавови сакаат да бидат во центарот на вниманието и се многу амбициозни. Се трудат да успеат во животот и да дојдат до надредена положба. Поради тоа нвните фобии се често насочени кон неуспехот во кариерата – односно атицифобија. Стравот од губење на општествената или деловната положба е исто така нешто од што тешко се опоравуваат.

ДЕВИЦА – Се плашат од бактерии и вируси

Организираните Девици сакаат ред, работа и дисциплина. Толу се педантни што можат да развијат атаксофобија – ирационален страв поради неред и несовршенство. Од таа причина нивниот дом блеска од чистота бидејќи панично се плашат од нечистотија, прашина, вирус и бактерии.

ВАГА – Фобија од осаменост

Друштвените Ваги обожаваат излегувања, забава и создавање нови пријателства. Силно се насочени кон љубовта и партнерот и се плашат староста да не ја дочекаат сами. Затоа често патат од изолофобија, односно страв од изолација и осаменост.

СКОРПИЈА – Страв од исмејување

Чувствителните и емотивни Скорпии сакаат да се шегуваат на своја сметка, но не поднесуваат друг да се шегува. Често патат од катагелофобија или страв дека ќе бидат исмеани. Затоа се и неповерливи, особено кон оние кои ги знаат краток период. Слично како овните, ретко што ги плаши, но како и тие се плашат од губење контрола над животните ситуации.

СТРЕЛЕЦ – Се плашат од медицински зафати

Динамичните и енергични Стрелци се луѓе кои сакаат движење и акција, а највеќе уживаат во патувања и природа. Најголем страв имаат од ограничување од било кој вид – од губење на слободата, премал простор или немоќ врз сопствениот живот поради финансиски неприлики.

ЈАРЕЦ – Склони кон хипохондрија

Најдобро се чувствуваат додека можат да ги контролираат ситуациите во својот живот, па така и здрвствената состојба. Кај нив често се јавува хипохондрија – параноичен страв од развивање болести, а имаат и фобија од осаменост, но и од катастрофални непогоди како поплави и земјотреси.

ВОДОЛИЈА – Се плашат од губење на слободата

Водолиите не сакаат кога некој им наредува. Често имаат фобија од авторитет. Слободата им е важен фактор во животот и панично се плашат дека ќе ја изгубат со влегувањето во брак или доколку работата им прерасне рутина.

РИБИ – Страв од јавен настап

Затворените и чувствителни Риби се најосетливи во меѓучовечките односи. Се плашат од отфрлање и неприфаќање од страна на околината, а неретко патат и од силна трема во текот на јавните настапи.

Прегледи:
478
Објавено на:
24.11.2017