Категории

Астрономите воочија најголема соларна експлозија во универзумот досега

Најголемата супернова досега беше воочена во универзумот, астрономите веруваат дека оваа супернова изворно настанала поради спојување на две ѕвезди.

Најголемата досега забележана експлозија на твезди е десет пати посилна од нормалната супернова и 500 пати посјајна, рекоа научниците од Велика Британија и САД во истражувањето објавено во понеделникот.

Астрономите од универзитетот во Бирмингем и Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика во САД, своето откритие наречено SN2016aps, го опишаа како „екстремно силна супернова“.

Освен по величината и сјајот, била „спектакуларна“ и по други својства, изјавува коавторот на истражувањето Едо Бергер.

Ваква супернова емитува само еден од сто од својата енергија во видливо светло, но SN2016aps емитувала многу поголем удел. Проценето е дека имала енергија еднаква на рекордни 200 квадрилиони гигатони ТНТ, пренесува агенцијата Хина.

Поради невообичаено големата количина на водорот во облако на експлозијата, астрономите веруваат дека оваа супернова изворно настанала поради спојување на две ѕвезди.

Прегледи:
684
Објавено на:
14.04.2020