Австралија пронаоѓа иновативни начини да се справи со последиците од катастрофалните пожари, а во овој случај со хранење на прегладнетите животни кои успеаја да ги преживеат пожарите. Покрај луѓето, жртви на овие пожари се и животните, кои се исплашени и прегладнети. Токму затоа Владата на Нов Јужен Велс спроведува акција под наслов „Операција Рок Валаби“, чија цел е да ги нахрани прегладнетите животните.
Оваа акција се спроведува со помош на авиони кои фрлат илјадници килограми моркови и сладок компир на заробените животни од пожарот. Во добротворната акција се приклучија и мали приватни авиони.