Не, „Денот на вљубените“ не е најомилен ден за запросување. Не е тоа ниту вечерта на дочекот на Новата година. Идеален момент за клекнување пред вистинската жена е на Бадник.
Резултатите од истражувањето што го спровела британската компанија „Chillisauce“, која се занимава со организирање на венчавки, покажале дека на прво место на најпопуларен ден во годината за запросување е денот воочи Божик.
Според пишувањето на британските медиуми, 31 отсто од околу 10.000 анкетирани рекле дека Бадник е најсовршен момент да се клекне пред избраничката на своето срце.
На второ место е „Денот на вљубените“ (22 отсто), а на трето место е новогодишната ноќ (18).
Сенди Морета, директорка на „Chillisauce“ навела дека Бадниковата вечер е идеална за запросување, бидејќи тоа е романтично доба во годината, со снегулки, светлечки и други декорации, но и семеен празник“.
– Тоа е момент во годината кој се доведува во врска со семејството и семејните ритуали. Семејството е собрано, а со запросувањето симболично се започнува едно ново семејство – објаснила социологот Елен Ламонт.