Категории

Барбики инспирирани од животот во карантин – Сите можеме да се поистоветуваме со нив

Барбиките кои најчесто можат да се сретнат во продавниците за играчки секогаш претставуваат слика на една совршена жена, но овој пат подгответе се да видите нешто сосема поинакво – Барбики кои ја претставуваат вистинската реална жена и тоа за време на карантин.

Тонја Руиз ја зодаде страницата Grandma Gets Real на која ги презентира своите креации. Таа изработува барбики за чија инспирација и послужи животот во карантин.

Оваа креативја мисли на секој детал, а едноставно е тешко да се издвои омилениот примерок затоа што со поголемиот дел од нив можеме да се поистоветуваме.
Таа направи кукла која се учи да готви и е целата извалкана во брашно, кукла која штотуку станала од спиење и има подочници, исто така има и кукла која е медицински работник, чистач и продавачка.
Навистина инспиративно..

Прегледи:
655
Објавено на:
10.11.2020