Ова е една многу едноставна приказна, но таа е приказна за нашите животи.
Еднаш на еден човек му беше кажано дека неговиот татко му оставил големо богатство како наследство, но дека треба да се најде. Човекот патувал скоро низ целиот свет во потрага по богатство и во потрагата починал. Телото било вратено на местото каде започнала потрагата. Додека копале гроб во дворот, го пронашле богатството.
Ова е една многу едноставна приказна, но таа е приказна за нашите животи.
Се обидуваме да го најдеме богатството на среќата, но не сфаќаме дека тоа е во нас. Ако не можеме да го најдеме во нашето срце, нема да го најдеме никаде. Не го гледаме богатството затоа што сме покриени со земја и нечистотија во форма на страст, алчност, гнев, лажно его, илузија, завист и незнаење. Ако ја исчистиме целата нечистотија од нашата свест, ќе го најдеме крајниот извор на сите наши аспирации – љубовта, мирот и вистината.