Категории

Бесмислени совети кои сите сингл жени слепо ги следат

Не секоја сингл жена е очајна која не може да го пронајде оној вистинскиот (или воопшто било каков), нити секоја жена е лавица така што не и е потребен никој.

Каква и да е, секогаш ќе се појави некој кој ќе и каже дека не треба да биде сама затоа што тоа не е нормално, или некој кој ќе и дели мудрости ако таа се пожали дека самотијата и паѓа тешко. Ова се најчестите совети и коментари кои сингл жените често ги слушаат а кои воопшто не помагаат.

„Пробај на сајт за запознавање, сите го прават тоа“
Секако дека можеш да запознаеш некој на друшствените мрежи и преку сајтовите за запознавање, но шансите дека ќе сретнеш чудни типови се уште поголеми отколку вообичаено.

„Не одбивај никого – оди на состанок со секој што ќе те повика, не знаеш што може да биде“
Но што ако никој не те повикал на состанок? Или те повикуваат само онакви кои воопшто не ти се допаѓаат и ако сте сфатиле дека одењето на состаноци само те исцрпува.

„А да те запознае некој пријател со некого?“
Може, зошто да не. Дали таа личност која има таков конструктивен предлог познава некој на кого не би му било срам да ве препорача?

„Не мораш да бараш, љубовта ќе те пронајде сама“
Звучи прекрасно, како дозвола да се опуштиш и да веруваш во чуда. Но ти веруваш веќе со години и се чувствуваш како да си во некој маѓепсан сон – дека љубовта ќе те пронајде и разбуди и одведе со себе.

„Многу пребираш“
Да и си завртила цел круг и повторно си се вратила кај своите критериуми. Прво си ги спуштила, па потоа си ги занемарила и толку си се изнервирала што си заклучила дека не вреди да прифаќаш било што само за да не останеш сама. Критериумите се потребни!

„Нема да сретнеш некој нормален по клубови“
Можеби и нема – во клубовите генерално сите одат за да се опуштат а тоа значи да пијат се додека не се разделат со паметот и си замислуваат како си поминуваат лудо. Но можеби во гужвата ќе пронајдеш некој кој исто како тебе сака да заборави дека е сам и дека си поминува одлично со своето друштво. Но во секој случај многу побрзо ќе налеташ на некој кој само сака да си помине незаборавно една вечер отколку на некој кој ќе ти се јави следното утро.

„Не вреди да се оптеретуваш со барање на сродна душа“
Секако дека не вреди. Но дали тоа значи дека треба да се откажеш? Дали ќе се случи нешто ако ги кренеш рацете, баш затоа што си решил повеќе да не се оптеретуваш? Ако очекуваш дека тоа е идеалната тактика за привлекување на сродна душа – и понатаму ќе се оптеретуваш.

Прегледи:
578
Објавено на:
24.06.2020