Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, ги изненадија децата во Клиниката за детски болести во Скопје, организирајќи вежба како атракција за сите хоспитализирани деца.
Маскирани во костими од омилените детски суперхерои Бетмен и Спајдермен, тие се спуштија со јаже и им поделија подароци на малите пациенти на клиниката. Целта на овој настан била да им се изрази поддршка на децата за тие јуначки да се справат со предизвиците за време на нивниот престој во клиниката.
Овој потег заслужува да биде поздравен и забележан, со надеж дека во иднина ќе бидеме сведоци на уште многу добри дела за најмладите.