Категории

Без разлика на резултатот Комити повикуваат за шампионски пречек на РК Вардар!

Комити со повик за Парада на Гордоста во чест на РК Вардар, како пречек на нашите ракометари! 

Како што велат во настанот „Без оглед што ќе се случи денес во Келн, Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!“

Имено, парадата на Гордоста започнува со пречек на аеродромот Александар Велики каде очекуваат илијадници граѓани да го дочекаат, со надеж, европскиот шампион.

„Ја повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме храброста, истрајноста, норбеноста, непокорот, а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска титула !!! Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден!!!“

Повеќе за настанот може да следните на следниов линк.