Категории

Безвременска мудрост од една вдовица (81) која секоја жена треба да ја прочита!

Марион Бетон (81) е една од деветте милиони британци кои ги чувствуваат последиците на осаменоста, но оваа вдовица одлучила да стави крај на тоа. 

„Неодамна се вратив дома по дружењето со својот внук Феликс и седнав на фотелјата уморна, но среќна. Меѓутоа, колку подолго седев, празината во мојот дом стануваше се поочигледна и тоа почна да ме јаде. Ми недостасуваше мојот покоен сопруг Хари, кој почина пред една година. Заедно поминавме повеќе од половина век“, раскажува Марион.

„Кога на еден човек ќе му ја ампутираат раката, а тој сеуште има чувство дека неговата рака е тука, така и јас сеуште го чувствувам присуството на мојот Хари, но разговарајќи сам со себе помеѓу празни ѕидови можете единствено да почнете да го преиспитувате сопствениот здрав разум. Сега, наместо да се сожалувам, се фокусирам на сите емоции кои ги чувствувам кога сум во друштво на семејството. Кога сум сама, уживам во страниците на некоја книга“, вели Бетон, која исто така е писател.

Сите во себе имаме моќ

„Одеднаш самотијата се претвора во драгоцено време за размилсување, во позитивна смисла. Фала му на Бога што сум способна да го учам тоа – да ја почувствувам самотијата во мојата глава и да не дозволам да ме совлада. Тоа е вештина која ми помага животот да ми бдие исполнет и значаен, без обзир на тоа колку денови поминувам сама. Јас одбивам да бидам стереотип на осамена старица. Зошто би била? Кога ќе ги вратам своите спомени наназад, имав богат и интересен живот, а ни сега не се чувствувам поинаку. Се чувствувам како да имам 20 години. Да, изгледам многу постаро, но не сум поради тоа помалку значајна“, смета Марион.

Цел живот се подготвував за ова

„Размислувам поинаку од другите жени можеби поради тоа што се подготвував за овој момент целиот живот. Силно се борев против негативноста и осаменоста уште како млада жена и девојка. Еднаш морав да одам на подолго службено патување, без маж ми. Осаменоста тогаш ми го одзема здивот. Цела недела размислував за моментот кога ќе си дојдам дома. Тогаш одлучив дека веќе никогаш нема да си дозволам чувството на осаменост да ми ги скратува убавините кои ги нуди животот“, се присетува Марион.

Избегнува негативни луѓе

„Тоа е нешто на кое треба да се работи. Како за зглобовите и мускулите што е потребно вежбање за да се одржуваат, така и мозокот бара тренинг, за да не се чувствувате осамено кога нема никој околу вас. Како вработена мајка од 43 години, почнав намерно самата да одам на прошетки, да јадам сама и да не барам помош од никого. Тоа го правев затоа што знаев дека ќе дојде до овој ден, бидејќи сепак мојот маж беше 9 години постар од мене“.

„Дружењето со негативни луѓе исто така ме заморуваше и ми создаваше чувство на изолираност. Се опкружив со позитивни луѓе и почнав да ги избегнувам оние чиј песимизам влијаеше лошо на мене. Животот е подарок со кој мојата генерација полека се збогува. Да дозволиш осаменоста да ја преземе контролата во било кој период од животот е еднакво на злочин“, заклучува Марион.

Прегледи:
461
Објавено на:
15.03.2018