Категории

Бидете дел од хуманитарната забава за Цаци, во „Ревија“ со почеток од 20 часот

На 22.11.2018 година, со почеток во 20:00 часот, во кафе бар „Ревија“ во т.ц.Лептокарија, ќе се организира хуманитарен настан, за поддршка на лекувањето на Цаци, другарката од нашето маало.

По преживувањето на епилептичен напад, таа беше дијагностицирана со Глиобластома, малиген тумор на левата страна од мозокот. Бидејќи ова е еден од најагресивните форми на рак, таа мора да биде третирана во специјална болница во Тексас. Анализите на клетките се уште не се направени и докторите не можат да кажат со сигурност каква терапија ќе биде потребна. Сепак, медицинските трошоци за било каков третман во болницата се проценети на нешто повеќе од 200.000 долари.

Бидете и вие дел од хуманитарната забава за да и помогнеме на Цаци што побргу да замине на лекување во САД.

На хуманитарниот настан ќе може да донирате средства во наменски поставената кутија, а и со секој купен пијалак ќе се одвојат средства за Цаци. Да бидеме хумани, да помогнеме заедно Цаци да живее среќен и безгрижен живот!

Во меѓувреме не заборавајте дека на 143 483 – Vip и 143 107 – Telekom можете постојано да донирате.