Категории

„Бијело Дугме“ најавуваат спектакуларен и гламурозен концерт во Скопје

Еден од најпознатите бендови на Балканот, рок-групата „Бјело дугме“ на 8 април ќе одржи голем концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Концертот е во организација на продукцијата „Авалон“ од каде што потврдуваат дека ќе има само еден концерт, иако интересот е голем, а најавуваат спектакуларен и гламурозен концерт каков што бендот нема досега одржано во Скопје. гитаристот Горан Бреговиќ заедно со пејачите Ален Исламовиќ и Младен Војчиќ-Тифа ќе бидат придружувани од голем хор, гудачки оркестар и од тамбураши што ќе ја збогатат атмосферата.

Картите за концертот од денеска се пуштени во продажба, а цената ќе се движи од 700 денари за партер, 990 денари за фан-пит, од 900 до 1.200 за трибини и 1.500 денари за ВИП-ложа.

„Бјело дугме“ во Скопје доаѓа по подолго време, а за оваа пригода подготвен е репертоар со повеќе од 30 хита на групата од нејзината долгогодишна кариера.

Прегледи:
626
Објавено на:
19.01.2017