Коудија Диоп е 19-годишен модел од Сенегал која порано била исмејувана за бојата на нејзината кожа. Но сега ја носи со себе титулата „Божица на меланинот“, која го освои интернетот со нејзиниот богат и несекојдневен пигмент.
Бев многу исмејувана додека растев поради бојата на мојата кожа, -вели Коудија, која моментално се наоѓа во Париз. Во оваа доба во која живееме, луѓето можат да дадат свои коментари и на Интернет порталите со кои ќе ја рашират својата омраза. Додека растев, се соочував со злобни коментари. Како што пораснав, научив да се сакам себеси секој ден и прекинав да им обрнувам внимание на негативните луѓе.
Од тогаш, Коудија започнала со моделство кога имала 17 години, го освои Интернетот и нејзините слики се достапни на социјалните мрежи и нејзиниот Инстаграм профил. Освен тоа, ги инспирира луѓето да го следат својот сон и да ги истакнат своите атрибути.
Доколку сте доволно среќени да бидете поразлични од останатите, никогаш не го менувајте тоа. – вели Коудија.