Категории

Билки во комбинација со зелен чај кои се корисни и здрави за организмот

Самиот зелен чај е вистински извор на здравје, но ако додадете една од овие корисни намирници во шолја топол пијалок, нивното антиоксидативно дејство се множи!


Екстрактот од семе од грејпфрут, лимон, амла во прав, цимет и гинко се познати по нивното антиоксидативно дејство. Меѓутоа, комбинирањето на овие растенија со зелен чај резултира со уште поголема антиоксидантна активност од едно растение.

Истражувачите веруваат дека синергијата на различни флавоноиди и фенолни соединенија од различни растенија резултира со овој подмладувачки и анти-воспалителен ефект. Затоа, следниот пат, не заборавајте да ја збогатите чашата зелен чај со некои од споменатите зачини и храна.

Прегледи:
566
Објавено на:
06.08.2021