Категории

Бизарно: Корица на книга направена од човечка кожа?

Верувале или не, во Англија е пронајдена книга стара 300 години. Тоа што ја прави фасцинантна не е староста на книгата, туку нејзините корици.

Кориците се направени од човечка кожа. Фактот што повеќе изненадува е тоа што ова била честа појава за време на Француската револуција. Техниката се користела за да се поврзе записот за судењето со убиството и притоа се користела кожата на убиецот. Неретко човечка кожа била користена и во кориците по книгите за анатомија. Во тој случај се земала кожа од лешот кој служел за секцирање. Морбидно, нели ? Но, не и во минатото!