Категории

Бог е со нас дури и во најтешките мигови кога мислиме дека сме потполно сами

Една ноќ еден човек сонувал дека шета по плажа со Господ. Преку небото се прикажувале исечоци од неговиот живот. Со секоја сцена на песокот се појавувале два пара отисоци на стапала – еден му припаѓал нему а другиот на Господ.

Кога завршила последната сцена, уште еднаш ги погледнал отисоците во песокот. Воочил дека на многу места поврзани со неговиот животен пат постои само еден пар отисоци. Исто така воочил дека тоа најчесто било кога се соочувал со најтешки и најтажни случувања во неговиот живот.

Тоа го вознемирило па го прашал Бог:

„Господе, ми рече дека секогаш ќе бидеш покрај мене кога еднаш ќе одлучам да те следам. Меѓутоа, воочив дека во најтешките периоди од мојот живот, има само еден пар отисоци во песокот. Не разбирам како тоа си ме напуштил кога најмногу си ми требал.“

Господ му одговорил: „Дете мое, те сакам и никогаш не би те напуштил. Во најтешките мигови во твојот живот, таму каде гледаш само еден пар отисоци јас бев со тебе и те носев.“

Прегледи:
745
Објавено на:
18.12.2020