Иако повеќето од нас сакаат да уживаат во пијачка, џускање и бесмислени разговори понекогаш знаеме да претераме.
Затоа овој пат ќе бидеме директни и ќе нагласиме, пијаните девојки не се секси бидејќи е тешко да останеме женствена кога ни е лошо, ни се врти и кога имаме потреба да ја гушнеме ВЦ шолјата.
Затоа денес ви нудиме водич за тоа како да се забавувате, а во исто време да останете вистинска дама.
1. Слушајте музика додека се подготвувате за излегување
Додека се подготвувате пуштете ја вашата омилена музика и танцувајте по дома. Така ќе излезете добро расположена за убав провод.
Алкохолот нека биде само бонус, но не и стартувач за добро расположение.
2. Секогаш во рака имајте полна чаша
Ако се појавите без чаша во рака, порано или подоцна некој ќе се обиде тоа да го промени и ќе ви купи или стави пиење.
Затоа држете ја својата чаша полна и разводенета со некој сок и пијте полека.
3. Немојте да драмите поради тоа што не пиете
Ако вечерта сте вие возач не значи дека треба со останатите да се однесувате како мајка. И нема потреба на сите да им објаснувате зошто не пиете, напротив покажете дека знаете да се забавувате и без алкохол.
4. Кофеинот е ваш најдобар пријател
Ако ви е потребен пијалак кој ќе ве подигне, обидете се со чаша кока кола или еспресо пред излегување.
Иако кофеинот не е најздраво решение, сепак можеме да го сметаме за совршена алтернатива за добро расположение без да бидете мамурни следниот ден.
5. Бидете своја најзабавна верзија
Танцувајте, пејте и смејте се на глас. Алкохолот неретко е оправдување да се однесуваме онака како што всушност сакаме.
6. Опкружете се со позитивни луѓе
Како ќе си поминете кога сте излезена најмногу зависи од вашето друштво. Опкружете се со луѓе со кои можете да бидете своја.
Така ќе се чувствувате доволно опуштено и сигурно и ништо нема да ве спречи да уживате во незаборавна вечер исполнета само со добри одлуки.