Категории

Бонтон за најмалите: Убави манири на кои секој родител треба да го научи своето дете

Ако вашето дете во раното детство ги научи основните однесувања од овој текст, подоцна ќе прерасне во пристојно и културно дете.

Важен дел од воспитувањето на ддетето е подучувањето на убави манири кои ќе ги запамети и применува не само кога е со вас туку и кога е само. Елементарната пристојност на вашето дете може да биде подлога за подоцнежниот успех во животот.
Покрај основните „молам“ и „благодарам“, научете ги најмалите да покажуваат пристојност и почитување спрема постарите како и да бидат пријатни спрема гости.

-Научете го детето да вели „Ве молам“ кога нешто бара и „Благодарам“ кога нешто прима или кога некој ќе му помогне.
-Научете го да кажува „Извини“ кога треба да помине во гужва, кога случајно налета на некого и сака некого нешто да праша.
-Научете го да не ги прекинува другите. Било да се работи за разговор на двајца луѓе во кој не учествува освен ако не е многу важно, но и да не прекинува разговор кога некој му се обраќа.
-Научете го дека не е пристојно да се коментираат особините и физичкиот изглед на другите луѓе освен ако не се работи за комплимент.
-Научете го детето секогаш да бара дозвола, прво да прашува дали смее нешто да земе или да користи, што и да е.
-Научете го детето на благодарност. Да не го отвора поклонот пред да се заблагодари на тој што му го дал, и откако ќе го отвори за што и да се работи во него да покаже благодарност што го добил.
-Научете го своето дете за хигиената, дека секогаш треба да ја покрива устата кога кива или кашла, и никогаш да не се брише со облеката туку да користи марамче.
-Научете го пристојно да одговара кога некој ќе го праша како е, и секогаш да возвраќа со истото прашање.
-Кажете му на детето да ја почитува туѓата приватност, секогаш се тропа на затворена врата и се чека пред да се отвори да се добие одговор.
-Научете го како да се однесува на масата – да не посегнува преку неа за да дофати нешто, туку да учтиво да замоли некого да им го додаде.
-Научете го да ја држи вратата отворена на други луѓе кога ќе му се укаже прилика и секогаш да кажува „Благодарам“ кога некој ќе го стори тоа за него.
-Научете го како да чисти зад себе после играњето или јадењето.
-Научете го да не фрла ѓубре надвор од кантата наменета за тоа.
-Научете го да ги соблекува чевлите кога влегува во нечиј дом.