„Ако разговарате со Бог, вие сте религиозни. Ако Бог разговара со вас, вие сте психотични.“
Доктор Хаус е америчка телевизиска сеија од авторот Дејвис Шор и Пол Атанасија. Главната улога во оваа гантастична серија од осум сезони ја игра Хју Лори кој со својата појава создаде лик на екцентричен доктор, остар ум и јазик. Ви донесуваме неколку цитати од доктор Хаус кои ќе ве замислат но и насмеат:
„Ако не знаеш да лажеш, не знаеш нити да препознаеш кога те лажат.“
„Успешните бракови се темелат врз лаги.“
„Нештата се менуваат. Но тоа не значи дека ќе се променат на подобро.“
„Се е грев и сите плаќаме за тоа.“
„Основната вистина на човековото постоење е дека сите лажат. Единственото нешто кое варира е причината поради која лажат.“
„Да бидеш нормален е досадно.“
„Ако разговарате со Бог, вие сте религиозни. Ако Бог разговара со вас, вие сте психотични.“
„Работете паметно, а не напорно.“
„Што мислиш за мене нема да ме промени, но може да промени што јас мислам за тебе.“
„Во исто време ме забавува и нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе.“
„Лесно е да го слушаш своето срце. Обиди се да го слушаш твојот мозок.“
„Ако никој не ве мрази, очигледно дека правите нешто погрешно.“
„Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Помеѓу љубовта и омразата има всушност Кинески ѕид со наоружани стражари на секои 10 метри.“
„Човековиот мозок престанува да работи кога мисли дека ќе изгуби некој кој сака.“
„Ако се ожениш во дваесеттите, во триесеттите ќе бидеш шокиран од личноста со која всушност живееш.“
„Велат дека не се може да се живее без љубов.. Мислам дека кислородот е сепак неопходен.“
„Очите можат да те излажат, насмевката може да те излаже, но чевлите секогаш ја зборуваат вистината.“
„Кога сакате да ја дознете вистината за некого, тој некој е последната личност која треба да ја прашате.“
„Луѓето не го добиваат она кое го заслужуваат. Тие го добиваат она кое што го добиваат и тука ништо не може да се стори.“
„Можете да мислите дека не сум во право, но тоа не е причина да престанете да размислувате.“
„Реалноста речиси секогаш греши.“
„Вистината започнува со лаги. Размисли за тоа.“