Категории

Брз десерт во чаша со цимет и ореви – за есенско расположение

Потребни се само неколку минути за да се подготви овој вкусен десерт!

Овој брз засилувач на расположението можете да го понесете со вас на работа или училиште. Миговите на слатко задоволство во секојдневниот живот е загарантиран.

 

Во есенските дождливи денови, секој од нас, на свој начин, се обидува да  се снабди со енергија и да го подобри своето расположение. Некои пијат кафе, други се фокусираат на физичката активност, додека вие дозволете си момент на слатко задоволство.

Нека инспирацијата за десерт ви биде брз десерт со крем од цимет и ореви.

 

Состојки за две порции:

  • кора (пандишпан) за тортата
  • маскарпоне сирење – 150 гр
  • слатка павлака 36% – 150 гр
  • шеќер во прав – 40 г.
  • цимет – 2 лажици
  • ванила – ½ стапчиња
  • ореви – 50 гр
  • чаши – 2 парчиња

Подготовка:

Ставете ги оревите во сув сад, печете ги некое време, а потоа сомелете ги. Иситнете го пандишпанот или готовите кори за торта и додадете ги во садот со ореви. Додадете го маскарпоне сирењето во павлаката и убаво изматете за да се соединат состојките. Измешајте го шеќерот во прав со циметот и ситно исецканите стапчиња од ванила. На крај додајте го шлагот од маскарпоне сирењето.

Во чашата ставајте наизменично – мелен пандишпан, па потоа кремот од орасите и кремот од циметот. Послужете го предходно добро изладено. Гарнирајте со неколку ореви.

Пријатно!

Прегледи:
764
Објавено на:
12.10.2019