Категории

Брз и едноставен рецепт – пита со цреши

Живеејќи со брзо темпо, многу често сме се почувствувале како се запоставуваме себеси. Немаме доволно време да си посветиме себеси и да се почестиме со добар, домашен оброк.

Поради тоа, имаме на ум еден рецепт кој се приготвува за кратко време и ви ветува слатки искуства и моменти.

Image result for cherry pie

Потребни состојки:

  •  600гр цреши
  • 30гр топен путер
  • 4 јајца
  • 250мл млеко
  • 100гр шеќер
  • 12гр ванила
  • малку сол
  • шеќер во прав

Image result for cherry pie

Подготовка:

  1. Измијте ги црешите и отстранете ги семките. Намачкајте восочна хартија со масло и посипете ја со шеќер (направете тенок слој) и ставете ги црешите.
  2. Измешајте ги јајцата, солта и останатиот дел од шеќерот. Додадете го млекото, брашното, ванилата и топениот путер. Мешајте додека смесата не се соедини.
  3. Потурете ја смесата врз црешите и печете околу 40-45 минути на температура од 180 степени.
  4. За крај, додадете го шеќерот во прав. Пријатно јадење!

Image result for cherry pie

Прегледи:
893
Објавено на:
28.11.2016