Категории

Брзо, лесно и вкусно – Мајка сподели како да направите интересни мини јајца на око за вашите деца

Ако им ја направите храната забавна на своите деца, веројатно ќе ги охрабрите да си ја исчистат чинијата со наслада. Оваа мајка открила трик на својот Инстаграм како да прави мини пржени јајца со кои нејзиното дете е воодушевено секој пат.

За да направите мини верзија на јајце, сè што треба да направите е да го ставите јајцето во замрзнувач. Со замрзнување, јајцето станува цврсто, па можете да ја излупите лушпата и да го исечете суровото јајце на парчиња. Кога ќе ја испржите секоја кришка јајце, жолчката останува во центарот, а белката се шири, па овие мали пржени јајца изгледаат како вообичаената верзија со цело јајце.
Овој трик го виде фитнес-инфлуенсерот Шонтел Данкан на TikTok на Алекс Бевике (@thatfalzonfamily), а потоа таа ја сними својата верзија, покажувајќи што се случило кога се обидела со овој метод.

Еве еден навистина забавен начин да направите јајца за вашите деца наутро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHONTEL DUNCAN (@chontelduncan)

„Прво замрзнете ги, па излупете ги под малку топла вода. Додека се уште се замрзнати, ставете ги на табла за сечење и исечете ги ретко. На средна до висока топлина, испржете ги со малку маслиново масло, превртувајќи ги по желба. Потоа зачинете ги и послужете свежи или зачувајте за подоцна“ – објасни таа на видеото.

Оваа идеја навистина им се допадна на повеќето родители, па еден од родителите напиша во коментарите:
„Дефинитивно ќе се обидам да го направам ова за моите девојчиња“.

Прегледи:
593
Објавено на:
26.06.2021