Пролетта е постепено будење на природата, на секое ливче и цвет. Тоа е период на повторно раѓање, на сончеви зраци и нови енергии.
Секоја година розевите дрвја не потсетуваат на пролета, ја разубавуваат и уживаме во кратките денови кога ни го прошаруваат секојдневието.
Почетокот на пролетта во Јапонија носи будење на црешовите дрвја, а тоа е еден долгоочекуван, посебен и прославуван момент. Јапонците ги нарекуваат sakura, а тие се симболот на човечкиот живот во јапонската култура, нивните цутови се брилијантни и крати.
Јапонците уживаат во секој момент од убавото шаренило кое ги опширува, деновите ги поминуваат во природа, славејќи и уживајќи во пролетта.