Категории

ЧАЈ ОД ЈАСМИН – Помага при слабеење, го штити срцето и го намалува стресот

Чајот од јасмин се користи во Кина од 13 век, кога се служел главно на кралското семејство. Можеби е еден од највкусните чаеви, а неговата прекрасна, неверојатна арома е една од причините зошто многу луѓе го избираат.

Чајот од јасмин има бројни здравствени придобивки и се верува дека пристигнал во Европа во 16 век.
Еве ги придобивките од чајот од јасмин:

Има антиоксиданси
Чајот од јасмин е богат со моќни билни соединенија познати како полифеноли. Тие дејствуваат како антиоксиданти во вашето тело и ги штитат клетките од оштетување на слободните радикали. Студиите го поврзуваат оштетувањето на слободните радикали со срцеви заболувања. Чајот од јасмин направен од зелен чај содржи многу полифеноли наречени катехини. Еден особено моќен катехин во зелениот чај е епигалокатехин, кој е поврзан со многу придобивки, вклучувајќи губење на тежината и подобрена контрола на шеќерот во крвта, како и здравјето на срцето.

Помага при слабеење
Пиењето чај од јасмин може да ви помогне да изгубите тежина со забрзување на метаболизмот и со тоа да ви овозможи да согорите повеќе калории.

Го штити срцето
Чајот од јасмин содржи многу полифеноли, кои можат да помогнат во заштитата од срцеви заболувања.

Може да ја подобри функцијата на мозокот
Чајот од јасмин има неколку својства кои можат да помогнат во зајакнувањето на мозочните функции. За почеток, содржи 15-60 мг кофеин по чаша. Кофеинот го стимулира вашиот нервен систем со блокирање на инхибиторниот невротрансмитер аденозин – хемикалија која пренесува сигнали помеѓу мозокот и телото. Покрај тоа, кофеинот ја подобрува мозочната активност и помага во ослободување на други невротрансмитери за подобрување на расположението, како што се допамин и серотонин, пишува Healthline.

Го намалува стресот
Студијата на научниците од Лабораторијата за хранлива хемија на Универзитетот во Кјото во Јапонија покажа дека изложеноста на мирисот на чај од јасмин и лаванда го намалува стресот и го релаксира телото.

Бидејќи има антиоксидантни својства, го намалува стресот и го штити мозокот, ќе додадеме дека сигурно го зајакнува имунолошкиот систем, а тоа е она што денес му треба на секој.

Прегледи:
455
Објавено на:
18.09.2021