Категории

Чизкејк со сливи: Магичен вкус на кој нема да одолеете! (РЕЦЕПТ)

Направете го овој рецепт и уживајте во неодоливиот вкус.

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 50 гр мелени бадеми
  • 80 гр шеќер
  • 150 гр путер
  • лажица прашок за пециво
  • 2 жолчки

Фил:

  • 250 гр посно сирење
  • 100 гр кисела павлака
  •  90 гр шеќер
  • лажичка екстракт од ванила
  • сок од половина лимон
  • 2 белки

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.
  • Брашното помешајте го со прашокот за пециво.
  • Додадете шеќер, мелени бадеми, оладениот путер исечкан на тенки парчиња и жолчките.
  • Замесете го тестото, формирајте круг, замотајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути.
  • Исчистете ги и исечкајте ги сливите.
  • Измешајте го сирењето со павлаката, шеќерот, лимоновиот сок и ванилата.
  • Округлестиот калап обложете го со хартија за печење.
  • Обложете го со тестото по дното и рабовите и избодете го со вилушка.
  • Печете го тестото околу 8 минути.
  • направете цврст шлаг од белките па полека измешајте го во смесата од сирење. Извадете го тестото од рерна, излијте го филот по него па вметнете ги половина од сливите.
  • Вратете го колачот во рерна и печете уште 35 минути.
Прегледи:
505
Објавено на:
01.10.2019