Категории

Чоколадни коцки со џем и бисквити: Најбрз десерт за секој ден (РЕЦЕПТ)

Мек и вкусен десерт кој ќе го обожавате

Состојки:

  • 2 јајца
  • 100 гр. чоколадо
  • 100 гр. шеќер
  • 80 гр. брашно
  • половина прашок за пециво
  • малку цимет
  • 50 гр. путер

 

За прелив:

  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица млеко
  • 2 лажици масло
  • џем по ваш избор

 

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го брашното измешано со прашокот за пециво, растопениот путер, растопеното чоколадо и малку цимет.

Измешајте сè, истурете во помала тава и печете на 200 степени околу 35 минути.

Премачкајте го тестото со џем додека е сеуште топло, а потоа прелијте го со растопеното чоколадо, млеко и масло. Гарнирајте со мелени бисквити одозгора.

Прегледи:
853
Објавено на:
02.04.2020