Категории

Чоколадни мафини: Колачи украсени со крем во форма на срце (РЕЦЕПТ)

Вкус кој се памети..

Состојки:

  • 180 гр. путер
  • 200 гр. шеќер
  • 50 гр. какао во прав
  • 140 гр. брашно
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 8 големи чоколадни бонбони

 

За украсување:

  • 150 гр. путер
  • 300 гр. шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица какао во прав
  • украсни срца за декорација

 

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на околу 1800
  • Во плех за мафини ставете 8 хартиени корпички за печење.
  • Растопете го путерот во тенџере и оставете малку да се излади.
  • Во сад за матење истурете го шеќерот, какаото во прав, брашното, прашокот за пециво и содата бикарбона и неколку пати на суво матете за да нема евентуални грутки.
  • Додадете го растопениот путер и јајцата и матете за да добиете изедначена смеса.
  • Истурете по малку од смесата во секоја корпичка. Ставете чоколадни бонбони во секоја и притиснете ги малку.
  • Истурете го остатокот од смесата.
  • Печете околу дваесет минути па оставете ги мафините да се изладат.
  • За тоа време изматете го путерот со шеќерот, додадете ја ванилата и кога смесата убаво ќе се соедини додадете го какаото.
  • Изматете се заедно, ставете во шприц и украсете го секој мафин со фил во форма на срце. Во средина, поставете украс во форма на срце по желба.
Прегледи:
2360
Објавено на:
08.02.2020