Категории

Човекот пајак се искачи на кулата Агбар во Барселона

Светски прославениот „човек пајак“ Ален Робер во петокот се искачи на Кулата Агбар, еден од најпознатите облакодери во Барселона.

agbar-spajdermen-696x928

Своите искачување Французинот го извршил без никакво осигурување, пишува El Periodico de Catalunya. Ова е инаку третпат како Ален Робер ја освојува Кулата Агбар, претходно тој се искачуваше на врвот на една од најголемите знаменитости на каталонската престолни во 206 и во 2007 година.

Кулата Агбар е 34-катен облакодер, кој е 13-ти највисок објект во Шпанија, со 145 метри. Зградата ја изгради компанијата „Dragados“ во заеднички проект со францускиот архитект Жак Нувел и шпанската фирма „b720 Arquitectos“. Објектот беше отворен во 2005 година, а името го доби според сопственикот холдинг компанија „Agbar Group“, а од истата година е седиште за компанијата за водоснабдување „Aguas de Barcelona“.

french-climber-alain-robert-also-known-as-quot-the-french

Со своето необично хоби искачување на највисоките солитери низ светските метрополи Робер се занимава од 1994 година. Во изминатиот период тој без речиси никакво осигурување се искачи на 130 познати висококатници ширум светот, вклучително и највисоката зграда на планетата – кулата „Бурџ Калифа“ во Дубаи.

Извор: Макфакс

Прегледи:
376
Објавено на:
27.11.2016