Категории

Чудата на животинскиот свет – Пронајдено најдолгото животно на светот

Најдолгото животно на светот, долго колку 10 автомобили, или дури 45 метри, било пронајдено во подводен кањон во близина на брегот на Западна Австралија.

Научниците од Универзитетот Шмит, кои го пронајдоа ова животно, велат дека станува збор за сифонафор, транспарентно животно слично на црв, кое, како корал, е составено од неколку мали индивидуи кои имаат улога на органи на едно поголемо суштество, соопшти Универзитетот , пренесува Livescience.

Како што тврдат, тоа е најдолгото животно на светот со должина од дури 45 метри, односно како 10 просечни автомобили, иако е широко само неколку сантиметри.

Прегледи:
727
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
23.03.2021