Категории

Да не постоеа погрешните луѓе во вашиот живот – Никогаш немаше да ги препознаете вистинските

Можеби е тешко, но сакам да знаете дека мора да се држите – ќе стигнете таму, ќе успеете да го достигнете она кое го посакувате.

Продолжете да цените сè и сите околу вас; од ситници до големите авантури, од блиските луѓе до странци што ги среќавате во возот на пат кон дома.

Продолжете да бидете благодарни за луѓето кои продолжија да стојат покрај вас низ сето тоа бидејќи видоа дека прераснавте во личноста што сте денес. Но, најмногу од сè, сфатете дека мора да им се заблагодарите и на оние што ве оставија затоа што ве направија посилни и ви одржаа лекции што никогаш нема да ги научите на четирите агли на која било училница.

Продолжете да се насмевнувате и покрај лошите денови. Продолжете да сакате и да цените и покрај недоразбирањата. Продолжете да се борите за нашиот сон, особено кога станува потешко. Продолжете да бидете подобри, секој ден.

Прегледи:
547
Објавено на:
09.03.2021