Категории

Дали често гледате во екран? Погледнете што всушност тоа му го прави на вашиот мозок

И покрај тоа што веќе е јавна тајна дека секојдневното седење со часови пред екранот не е добро за нашето здравје, истражувањата докажуваат дека неактивниот начин на живот може да доведе до деменција и когнитивен пад во подоцнежниот период.

Неактивноста е, исто така, поврзана и со срцевите заболувања, рак на дебело црево и дијабетес. Научниците препорачуваат повеќе физички активности, за да се намалат шансите за горенаведените болести.
Уште една работа е многу важна. Кога сме фокусирани на екранот трепкаме пет до седум пати помалку, со што се создаваат помалку солзи, што резултира со пецкање, црвенило и чувство на сувост во очите. Исто така, долго гледање во екранот, на растојание од 30 до 60 сантиметри, не му дозволува на окото да го промени фокусот на гледањето, што не е сосема природна состојба.
Обидете се секои 50 минути да станете, да прошетате и да го насочите погледот во далечина.