Категории

Дали претерувате со количината на кафе која ја внесувате?

Една до две шолји кафе на ден се смета за прифатлива дневна опција.

Меѓутоа ако бројот на валкани шолји кафе во вашата кујна дневно го надминува бројот четири, веројатно се прашувате понекогаш – дали претерувате со кафето. Како можете да знаете за сигурно? Овој магичен црн напиток овоможува да се разбудиме и да застанеме на нозе и да останеме будни во текот на денот. Меѓутоа спрема најскорите истражувања, можете и сами да утврдите дали сте излегле од контрола со негово консумирање.

Интересен е фактот дека оние кои пијат многу кафе во текот на денот можат да го почувствуваат мирисот на кафе на голема далечина. Тие можат да го препознаат мирисот на кофеин. Желбата за кафе ги наведува со леснотија да го препознаваат, исти способности имаат и оние кои се зависни од опијати. Затоа е важно да ги препознаете следните симптоми:

Потење
Кафето може да ви даде повеќе енергија но ако сте претерале со него, таа енергија ќе се образи во облик на пот. Кофеинот е стимуланс кој ги забрзува функциите на вашиот нервен систем, го поттикнува пулсот и го пумпа крвниот притисок.

Брзо чукање на срцето
Особите кои внесуваат премногу кофеин во својот организам можат да доживеат пореметување во работата на срцевиот ритам. Чукањето на срцето, забрзаниот пулс и неурамнотеженото чукање е она што може да се искуси и што ви дава јасна порака дека толкава количина кофеин не му годи на вашиот организам.

Мачнина
Мачнината е честа појава која ќе се претера со внесување на кафе во организмот. Исто така може да ви се случи и кога ќе се обидете да ја смалите количината на дневно ниво. Оваа двострука непријатност е резултат на киселината која ја создава вашиот желудник со цел да се избори со кофеинот кој до него стигнува секојдневно.

Анксиозност
Кофеинот ослободува адреналин во вашиот организам предизвикувајќи реакции – борба или бегство од реалноста што би можело лесно да ве доведе до работ. Како резултат на тоа се јавува анксиозност, односно необјаснив немир кој не усепвате свесно да го совладате.

Прегледи:
745
Објавено на:
05.11.2020