Категории

Дали се однесувате како негова мајка или како негова партнерка?

Многу парови се обидуваат од врската да направат рамноправно партнерство. Желбата да се грижиме за партнерот е природна, но постои тенка граница помеѓу грижата за партнерот и однесувањето кое потсетува на грижа кон детето. Наредните знаци укажуваат дека во врската се однесувате повеќе како родител, а помалку како партнер.

 

1. Постојано приговарање
Никој не сака постојано приговарање, а посебно не личноста која мора тоа константно да го слуша. Можеби ви делува дека тоа е единствениот начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивен разговор секогаш е возможен помеѓу 2 возрасни личности, само треба да се потрудите.

2. Кавги без решение
Кавгите се дел од секоја врска, но важно е успешно да се решат. Ако кавгите завршат без да бидат решени, единствено што ќе чувствувате е лутина и гнев. Сетете се како изгледале вашите кавги со родителите кога сте биле дете. Кавгите со партнерот треба да бидат токму спротивност од тоа затоа што вие и партнерот имате рамноправни улоги.

3. Чистење по партнерот
Го следите партнерот чекор зад него и чистите се по него, а тоа навистина нема смила. Без разлика дали се работи за трошки храна или алишта на подот, партнерот треба да биде свесен дека он е тој кој треба да си го среди нередот зад себе. За среќна врска доволно е да ги поделите домашните обврски рамноправно.

4. Создавање изговори
Нормално е да сакате да го видите партнерот во најдобро светло и да сакате да стоите зад неговите одлуки. Но, постојаната потреба за создавање изговори и оправдувања за лошото однесување кое трае подолго време нема да ја направат вашата врска посреќна. Нема потреба за мајчинска заштита, поттикнете го партнерот да ја прифати одговорноста за своето однесување.

5. Целосно контролирање
Некои личности едноставно имаат карактер кој сака да контролира. Но, ако секој аспект од врската го контролирате затоа што немате доверба во својот партнер, тогаш настанува проблем. Важно е двајцата партнери да ја разберат состојбата во врската и да сакаат да се променат себе си, а и врската. Ако не му дозволите на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашиот однос и вашата иднина.

 

Прегледи:
557
Објавено на:
15.04.2019