Категории

Дали сте знаеле дека песната „Макарена“ може да ви го спаси животот?

Песната на групата Los del Rio од 1993-та која беше една од најголемите и најслушани светски хитови, докажано може да спаси живот.

Шпански научници изјавија дека ги советуваат лекарите да се држат до ритамот на овој стар летен хит кога работат масажа на срцето.
Песната на групата Los del Rio од 1993-та не само што е доста позната, туку и дава добро темпо при итна работа на срцето, т.е. 100 до 200 компресии во минута.

Истражувачи од Универзитетот од Барселона и Клиничката болница во Барселона регрутирале 164 студенти по медицин за експеримент. Ги поделиле во три групи и ги задолжиле да применуваат масажа на срцето на кукли во текто на десет минути. Најдобри резултати имало кај оние кои користеле метроном на апликација на мобилниот телефон, подесен на 103 отчукувања во минута.
Во тој збир е 91% од студентите кои држеле вистински ритам. 74% од сите оние кои биле советувани ментално да го следат ритамот на Макарена се држеле до него.
На крајот само 24% од оние од кои било побарано да изведуваат масажа без упатства следеле добар ритам. Макарена имала уште една предност: оние кои го следеле нејзиниот ритам почнувале прзо, додека оние кои го прателе метрономот, чекале најмногу за прва компресија.