Категории

Дали ви е потребен детокс на душата: Исчистете го вашето срце од сите негативности, рани и тешки чувства

Овие едноставни чекори ќе ви помогнат да го најдете душевниот мир и ќе ви дадат можност да уживате во животот на вистински начин!

Чистотата, велат дека е половина здравје. А, чистотата на психата е клуч за мирен ум, успех и среќа во животот. За да бидете во хармонија со самиот себе, прво мора да го исчистите вашиот внатрешен свет од негативности.

Следете ги овие 10 чекори за правилно да ја прочистите вашата психа:

1. Влијанија (елиминирајте ги и самата психа постепено ќе се прочисти и ќе закрепне)

Престанете ментално да се загадувате. Исклучете ја програмата од телевизија која ви пренесува негативни вибрации, затворете ја вратата на оние луѓе кои мислат дека вашиот ум е место за фрлање психоактивен отпад.

2. Бегство од илузија

Тргнете се од канџите на социјалните мрежи. Излезете од виртуелниот свет – блокирајте ги каналите преку кои негативноста се движи во вашите неврони.

3. Храна

Многу е важно што јадете, но уште поважно е во какво расположение јадете и кој е со вас во просторијата кога јадете. Сето ова влијае на психата на поединецот.

4. Предмети

Ослободете се од сите предмети што прават да се чувствувате тажно и ви предизвикуваат негативно расположение. Едноставно е: земете го предметот во рака, ако не буди позитивни емоции во вас – фрлете го!

5. Налепници

Отстранете ги сите етикети од шампони, средства за чистење, парфеми и други производи. Тоа се скриени реклами кои се направени за да „ бодат во очи “, за секогаш да бидат во фокус. Не сте ни свесни колку ви одвлекуваат внимание овие производи, уништувајќи ги вашите мозочни клетки.

6. Престанете да правите нешто што не сакате и што не ви одговара!

7. Оттргнете се

Оттргнете се од негативните луѓе. Исклучете ги од вашиот живот. Престанете да комуницирате со негативни и неурамнотежени луѓе.

8. Ослободете се од ментална траума

Разговарајте со психолог за тоа што ве мачи. Можеби тоа е нешто од вашето детство, можеби нешто што се случило неодамна и потсвесно ве труе. Признајте си ја траумата и исфрлете ја од памет.

9. Разберете кои сте

Поставете ја фреквенцијата на ЈАС. Еднаш и засекогаш, сфатете кои сте, каде сте тргнале и што сакате. Кога ќе се усогласите со себе, сè ќе биде полесно.

10. Иднина

Исфрлете ја од глава сликата како треба да изгледа вашата иднина. Препуштете се на сегашноста. Не се оптоварувајте со она што мора да биде или „што би било, кога би било“.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
449
Објавено на:
02.10.2019