Дали знаете зошто е обичај невестата да го фрла букетот?

Како всушност настанала оваа позната традиција

Фрлањето на букетот е една од најпознатите традиции на венчавките, а девојката која ќе го фати, се верува дека е следната која ќе се омажи. Ви споделуваме од каде потекнува овој обичај кој во минатото всушност имал многу поинаква цел.

Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато кога се верувало дека невестата носи среќа, во што всушност се верува и денес, но не во толкави размери.
Пред стотина години, се сметало за среќа да се допре невеста, а уште поголема среќа ако гостите успеале да откинат парче од велот или венчаницата.

Со цел да се избегне кинење на фустанот и велот, невестите почнале да ги фрлаат своите бидермаери, за да го оттргнат вниманието од себеси и да ги поттикнат гостите да го грабаат цвеќето наместо неа.
За среќа, гостите со воодушевување го прифатиле тоа, па така почнало да се верува дека тоа донесува среќа во љубовта, односно онаа девојка која ќе го фати бидермаерот ќе биде следната невеста.




Коментари

коментари