Категории

Дедо Мраз доби упатство како да се однесува во текот на божиќните празници

Европските влади ги предупредија своите граѓани да не прават големи прослави.

Со големи мерки за претпазливост, Европа се припрема за прославата на Божиќ во значително изменети околности. Граѓаните се советуваат а некаде и се забранува, колективно и во кругот на поширокото семејство да се слави овој празник. Држењето физичка дистанца и носењето маска се подразбира. Многу манифестации се откажани како што се откажани и германските божиќни пазари и Парадата на мудредците во Шпанија. А и Дедо Мраз доби упатство како треба да се однесува.

Премиерот на Белгија, земјата која е една од најтешко погодените од пандемиајта на коронавирус, Александар де Кру е загрижен поради можен трет бран кој може да се случи баш околу Божиќ. Затоа белгиската влада испрати барање до Свети Никола (западната верзија на Дедо Мраз), чии поклони децата ги очекуваат на 6 декември, да држи дистанца, да ги мие рацете и да носи маска секогаш кога е потребно. Самиот премиер изјави дека Божиќ ќе го прослави само со сопругата и своите две деца.

Париз оваа година ги откажа лизгалиштата и божиќните пазари а Москва ги откажа големите јавни прослави. Тие ги посоветуваа луѓето да шетаат по улиците и да уживаат во градските светла и украси.
Соочени со ограничувањата, европјаните смислуваат нови начини како да го направат Божиќ повесел. Еден баварски крчмар отворил подвижен пазар а во Холандија децата уживаат во виртуелен состанок со Дедо Мраз.

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека германските семејства можат да се соберат за Божиќ но со заштитни мерки.

Владата во лондон соопшти дека соработува со Шкотска, Велс и Северна Ирска со цел да ги ублажи ограничувањата во текот на божиќните празници а семејствата можат да се собираат и покра предупредувањата на здравствените работници дека тоа би можело да биде опасно.

Прегледи:
679
Објавено на:
02.12.2020