Категории

Денес би славел 71. роденден! На последното обраќање кон публиката Оливер Драгојевиќ испрати порака која треба да ја запаметиме!

Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ денес би го прославил својот 71. роденден. Легендарниот „Морски вук“, како што го нарекуваа многумина, минатата година својот 70. роденден требаше да го прослави на големите концерти во Сплит со кои планирал да ја одбележи својата 50. годишна кариера, но за жал, болеста го спречи во тоа, па концертите на крај се откажаа.

Но, Оливер неколку месеци претходно, во март оваа година, се обрати на обожабвателите на доделувањето на Порин каде што доби награда за животно дело.

„Би сакал да спомам еден човек кој го обележа половина мој живот, а тоа е Зденко Рујниќ. Многу добри луѓе има околу мене и овој пат болеста ме прекина и не можам да бидам со вас. Како дете сакав да свирам и да пејам и тој сон некако се прекина. Ги поздравувам сите луѓе кои беа околу мене и кои ме поддржаа во таа криза. Ми се чини дека сѐ уште има време за пеење и свирење и ако се подобрат работите, ќе биде добро“, рекол Оливер тогаш преку видео бим.

„Што да кажам освен – уживајте луѓе, бидејќи што е животот ако не фантазија“, им порачал Оливер од својот дом на обожавателите по последен пат и доби дромогласен аплауз.