Категории

Денес е меѓународниот ден за борба против насилство над жените

Меѓународниот ден за борба против насилството над жените се одбележува ширум светот. 

Меѓународниот ден за борба против насилството над жените Македонија секоја година го дочекува со поразителна бројка, а свесни сме дека голем дел од насилствата кои се случуваат во семејството остануваат и непријавени, а жените го живеат целиот свој живот трпејќи психичка и физичка тортура.

Меѓународниот ден за борба против насилството над жените е воведен во 1981. година, на првиот состанок на феминистките од Латинска Америка и Кариби во Богота.