Категории

Денес е Светскиот ден на менталното здравје: Практикувајте ги овие нешта секојдневно

Менталното здравје е најважно, затоа секојдневно практикувајте ги овие нешта за да ослободите од стресот и напнатоста и да се чувствувате добро и позитивно.

Медитацијата како секојдневна рутина
Толку едноставна но делотворна. Пробај да го навиеш алармот на твојот телефон, на пример за време на утринското кафе, доволни се само 5 минути додека тоа се подготвува, или за време на припремата на појадокот, стави ги слушалките и симни некоја од бесплатните апликации за медитација. Исто така постојат бројни youtube видеа кои се исклучително корисни.

Отследи ги профилите на социјалните мрежи кои не се добри
Ако поради некои луѓе и нештата кои ги објавуваат се чувствуваш непријатно и стресно, едновно – немој да ги следиш повеќе. Доволно е да притиснеш едно копче. Наместо тоа, заследи ги оние личности кои те инспирираат и поттикнуваат.

Научи да кажуваш „Не!“
За некои ова звучи како невозможна мисија. Научи да ги вреднуваш своите желби и потреби а не постојано да им угодуваш на другите. Доколку нешто не ти се допаѓа, едноставно кажи „не“, лесно е. Прифаќај го само она кое вистински го сакаш и ти користи.

Релаксирај се пред легнување
Последните 20-30 минути пред спиење обиди се да ги потрошиш на нешто друго освен на скролање по Инстаграм. Тоа време поминувај го без екрани или било каква технологија. Истуширај се, направи си чај и помини ја ноќта со добра книга.

Прегледи:
473
Објавено на:
10.10.2021