Категории

Денес е Светскиот ден на здравјето и се обележува со тема „Депресија – ајде да разговараме“

Светскиот ден на здравјето се прославува на 7-ми Април за да го означи основањето на Светската здраствена организација (СЗО).

Секоја година организацијата по повод овој ден избира важно прашање поврзано со здравјето и ги охрабрува луѓето од сите воздрасти и средини да го одбележат денот истакнувајќи го значењето на избраната годишна тема.

Светскиот ден на здравјето претставува единствена можност да се соединат, барем на еден ден, луѓето и заедниците ширум светот и да превземат заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас.

Светската здраствена организација (СЗО) во 1948 година на своето прво собрание одлучи 7-ми април да биде прогласен за Светски ден на здравјето, а од 1950 година Денот се одбележува секоја година.

По повод светскиот ден на здравјето, 7 април, што годинава е посветен на депресијата, македонското лекарско друштво организира свечен собир, а ЈЗУ здравствен дом на Скопје ќе постави пункт на плоштад Македонија за информирање на граѓаните за помош при депресија.

На собирот ќе биде претставен пригоден реферат на тема „Депресија – ајде да разговараме“, како што гласи и годишното мото на светската здравствена организација за светскиот ден на здравјето.

На пунктот, пак, граѓаните ќе можат да зборуваат со здравствени работници и да се информираат за причините и можните последици од депресијата, како да ги препознаат симптомите и каде можат да побараат помош

Прегледи:
340
Категории:
Здравје · Секојдневие
Објавено на:
07.04.2017