Категории

Денес го славиме Митровден-заштитник на христијаните: Што значи ако врне и грми на овој ден?

Денеска се слави Свети Димитрија, попознат како Митровден. Празникот е посветен на солунскиот командант од III век, кој загинал штитејќи ги христијаните. Во нашиот народ Митровден е голема слава, крстено име на некои еснафи и заветен ден во многу места.

 

Според народните верувања се вели дека ако денеска биде облачно, ќе имаме топла зима, ако биде ведро ќе имаме остра зима.

За Митровден се верува дека предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови.Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Додека повеќето од нас го исчекуваме првиот снег, ни пристигна силно невреме со грмотевици кои се невообичаени за оваа доба од годината.

Според народните верувања, овие грмотревици означуваат дека наредната година ќе биде родна.

Прегледи:
460
Објавено на:
08.11.2021